Четири пожари во изминатото деноноќие, опожарена барака и викендица

29.10.2018 07:42 | KumanovoNews

Четири пожари гаснеле кумановските пожарникари во изминатите 24 часа.

Четири пожари во изминатото деноноќие, опожарена барака и викендица

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), Територијалната проптивпожарна единица (ТППЕ) Куманово интервенирала главно на ганење на запалена сува трева, но била опожарена барака и викендичка.

Во атарот на с. Љубодраг горела сува трева, од 12,25 до 12,50 часот.

- Втора интервенција е од 12:50 часот со поголема површина во атарот на селата Стрезовце и Ругинце на запалена сува трева и ниско стеблеста шума, интервенираат ТППЕ Куманово со 1ПП возило и 3 пожаникари. Во гаснењето се вклучила и Пожарната единица од Старо Нагоричане со 1ПП возило и 4 пожарникари. Поради непристапниот терен гаснењето било отежанато и пожарот го изгаснале до 02,35 часот, - соопштуваат во РЦУК.

Во селото Романовце вчера во 16.50 часот од запалена сува трева била опожарена барака и дел од викендица. Пожарот е изгаснат во 21,30 часот.

Последната интервенција е во с.Долно Којнаре на запалено стрниште од 17:25 до 19:15 часот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk