Четири пожари за едно деноноќие

28.08.2015 10:06 | KumanovoNews

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден имала 4 интервенции.

Четири пожари за едно деноноќие

­Во село Шупли Камен интервенирано е на запалена сува трева во периодот од 10.30 до 15.05 часот, со 1 возило и 4 пожарникари.

­Втората интервенција е на опожарена сува трева на Градски гробишта Куманово, каде е интервенирано од 12.05 до 13 часот со 1 возило и 3 пожарникари.

­Третата интервенција е во село Доброшане на запалена сува трева и има зафатено и една викендица. Интервенирано е од 16.35 до 20 часот со 2 возила и 4 пожарникари.

Четвртата интервенција е во село Пчиња на запалена сува трева, стрниште и зафатени тополи. ТППЕ Куманово огнот го гаснела со 1 возило и 2 пожарникари од 18.45 до 21.42 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk