Четири улици без водoснабдување

31.08.2012 06:22 | KumanovoNews

Утринава вода нема на четири улици од кои две се наоѓаат во центарот на градот и две во околните населби.

Четири улици без водoснабдување

Без вода се граѓаните кои живеат на улица “11 Ноември“ во Бедиње и улица “317“ во населбата Ајдучка Чешма. Вода нема и на улицата “Перо Чичо“ која се наоѓа кај  Гимназијата “Гоце Делчев“ и улица “Сава Ковачевиќ“ во близина на болницата.  Дефектите ќе ги отстранат вработени во ЈП“Водовод“ во текот на денот.

Во меѓувреме други прекини во снабдувањето со вода не се регистрирани.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk