Четириесет и четврта седница на Советот

23.03.2011 09:08 | KumanovoNews

 На дневен ред ќе се најдат 13 точки, од кои повеќето се извештаи за работа,  разрешување  на членови од телата и комисиите на Советот, како и назначување на претставници во управните и надзорни одбори во училиштата и јавни претпријатија.

 
Четириесет и четврта седница на Советот

 1.    Извештај за работа на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2010 година;2.    Финансиски извештај на приходи и расходи за 2010 година на Јавната општинска установа Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово;

3.    Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2010 година;

4.    Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2011 година;

5.    Предлог – Програма за поставување на урбана опрема во Општина Куманово;

6.    Програма за работа на Фондацијата за култура и спорт ‘‘Куманово‘‘- Куманово за 2011 година;

7.    Информација за работа на комисии за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот за правни и физички лица за пресметка на данок на имот на подрачјето на Општина Куманово;

8.    Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Куманово;

9.    Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Советот на Општина Куманово;

10.    Предлог - Решение за измена на Решението за определување на членови  на Советот на Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

11.    Предлог – решенија за разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија во Општина Куманово;

12.    Предлог – решенија за разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните  установи во Општина Куманово;

13.    Предлог – решенија за разрешување и именување на претставници од Општината Куманово за членови на училишните одбори во основните и средните училишта.

Седницата ќе се одржи утре со почеток во 10 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk