Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се одржи 49-тата седница на советот на општина Куманово.
На дневен ред се наоѓаат извештаитe за работа на полициската станица, јавнитe претпријатија, завршна сметка на буџетот на општината и други. Вкупно за разгледување има 35 точки.
Дневен ред:
Годишен извештај за 2015 година на превземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
Информација на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на второ полугодие од 2015 година;
Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2015 година;
Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2015 година;
Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2015 година;
Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2015 – 31.12.2015 година;
Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2015 година;
Финансиски извештај за работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2015 – 31.12.2015 година;
Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2015 – 31.12.2015 година;
Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2015 – 31.12.2015 година;
Предлог – Решение за давање согласност на Измени и дополнувања на Ценовник на услуги на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;Предлог –Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2015 година;
Годишен извештај на Општина Куманово за 2015 година;
Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2016 година;
Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2015 година;
Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2016 година;
Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 01 јануари 2015 година до 31 декември 2015 година;
Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година;
Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;
Предлог – Одлука за утврдување мерна единица за пресметување на надоместок за користење на комунална услуга од индивидуална комунална потрошувачка за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на Општина Куманово;
Предлог – Програма за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово за 2016 година;
Информација за извршено спроведување на мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз во Општина Куманово со Извештај за бројот и структурата на опфатените лица во Општина Куманово за 2015 година;
Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Гоце Делчев”, дел од Урбан блок 30, плански опфат меѓу ул. “АВНОЈ”, ул.”Васко Карангелевски” и граница на наменска зона – Општина Куманово
Предлог – Одлука за донесување Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Перо Чичо”, дел од Урбан блок 17, плански опфат меѓу ул. “30-ти Јули”, крак на ул. “6-ти Април”, ул. “6-ти Април” и ул. “Анѓа Ранковиќ” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за една градежна парцела на КП 21466/1, КП 21466/3 за дел од УЕ „Бајрам Шабани“, УБ 56, плански опфат на ул. “Поток Серава“ – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Биљановце Општина Куманово за кое нема урбанистички план;
Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “11-ти Ноември”, Урбан блок 65-б и дел од 65-г, плански опфат меѓу крак на ул. “11-ти Ноември”, ул. “Пролетерски Бригади”, ул. “Крсте Мисирков”, крак на ул. “Цар Самоил” и ул. “Цар Самоил” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Индустрија”, дел од Урбан блок 77, плански опфат меѓу ул. “Индустриска”, КП 16260, КП 16258, КП 16257, КП 16161/1, КП 16160/4, КП 16159/1, КП 26131, КП 16262 – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Перо Чичо”, дел од Урбан блок 14, плански опфат меѓу ул. “Ѓуро Пуцар Стари”, ул. “Михајло Пупин”, ул. “Јован Јовановиќ Змај” и ул. “Благоја Думановски” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. “Тоде Мендол”, дел од Урбан блок 62, плански опфат меѓу ул. “Тоде Мендол”, ул. “Перо Илиевски”, ул. “Рушит Шаќири” и ул. “1” – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 254/1 и 255/1, м.в. Вирови, КО Јачинце – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1246/1, м.в. Село, КО Скачковце – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 392/3, м.в. Чунковица, КО Биљановце-вон г.р. – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 564/3, м.в. Голема Корија, КО Горно Коњаре – Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk