Четириесет и деветта седница на Советот на Општина Куманово

12.11.2020 09:57 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 13 точки, меѓу кои извештај за работење на полициската станица и финансиско работење на јавните претпријатија.

Четириесет и деветта седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

1.    Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2020 година;

2.    Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ - Куманово за период од 01.04.2020 – 30.06.2020 година;

3.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;

4.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ - Куманово од 01.07.2020 – 30.09.2020 година;

5.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

6.    Информација за финансиската состојба на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

7.    Предлог – Одлука за измена на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на Општина Куманово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2);

8.    Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2020 година;

9.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година;

10.    Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;

11.    Предлог – Одлука за ставање вон сила на Одлуката за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад бр. 09-7937/37 од 14.11.2019 година донесена од Советот на Општина Куманово;

12.    Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;

13.    Предлог – Одлука за давање на времено користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на Општина Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk