Четириесет и осма седница на Советот за советнички прашања

16.02.2016 10:01 | KumanovoNews

Советот на општина Куманово утре ќе ја одржи четириесет и осмата седница наменета за советнички прашања.

Четириесет и осма седница на Советот за советнички прашања

Советниците ќе поставуваат прашања, на кои ќе одговараат градоначалникот, општинската администрација и директорите на јавните претпријатија. Вакви седници се одржуваат еднаш во три месеци. Седницата ќе започне во 10 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk