Четириесет и петта седница на Совет

05.04.2011 07:28 | KumanovoNews

 Советниците утре ќе ја одржат четириесет и петата седница на Советот. На дневен ред се 16 точки, меѓу кои повеќе извештаи за работа на јавните претријатија, културни програми, одлуки за такси превоз и донедување на неколку измени во Деталните урбанистички планови.

Четириесет и петта седница на Совет

Дневен ред:

1.    Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за период Октомври – Декември 2010 година;

2.    Извештај за работа на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘- Куманово за 2010 година;

3.    Извештај за материјално финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ - Куманово за период од 01.09.2010 до 31.12.2010 година;

4.    Извештај за материјално финансиски резултати на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ -  Куманово според завршна сметка за 2010 година;

5.    Предлог – Програма за локален економски развој и развој на информатичка технологија (ИТ) на Општина Куманово за 2011 година;

6.    Предлог - Оперативна програма за културни манифестации во Општина Куманово за II квартал од 2011 година;

7.    Предлог одлука за авто – такси превоз на патници во Општина Куманово;

8.    Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Куманово;

9.    Предлог – Одлука за определување на висина на надоместок  за експроприирано и одземено од владение градежно земјиште;

10.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2011 година;

11.    Предлог – Oдлука за донесување на Урбанистички план вон населено место Горно Којнаре за стопански комплекс во атар на село Горно Којнаре м.в. ‘‘Новине‘‘ и м.в. ‘‘Речица‘‘ – Општина Куманово;

12.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Тоде Мендол‘‘, дел од Урбан блок 63, плански опфат меѓу ул. ‘‘Трета МУБ‘‘, ул. ‘‘Орце Николов‘‘, ул. ‘‘Вук Караџиќ‘‘ и ул. ‘‘ЈНА‘‘ – Општина Куманово;

13.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Бајрам Шабани‘‘, дел од УБ 56, плански опфат меѓу ул. ‘‘Тонко Димков‘‘, КП  21418, КП  21419/1, ул. ‘‘Прозорска‘‘ и ул. ‘‘Бајрам Шабани‘‘ – Општина Куманово;

14.    Предлог – Одлука за утврдување на Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка;

15.    Предлог – Одлука за измена на Одлуката за основање на Фондацијата за култура и спорт ‘‘Куманово‘‘ – Куманово;

16.    Предлог - Одлука  за разрешување и избор на член на Комисијата за односи меѓу  заедниците на Советот на Општината Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk