Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено политички организации, со почеток во 10 часот.
Дневен ред
1. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2016 година;
2. Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;
3. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2016 година;
4. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2016 година;
5. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2016 година;
6. Годишна Програма за 2016 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ Куманово;
7. Предлог – Одлука за давање согласност за реализација на проектот „Градба на локален патен правец с. Четирце – с. Никуљане;
8. Предлог – Одлука за давање на користење на возило на Јавното претпријатие ,,Чистота и зеленило“ – Куманово;
9. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Македонска православна црква – Охридска архиепископија – Скопје, Кумановско – Осоговска Епархија;
10. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на Исламска верска заедница на Република Македонија – Скопје, Муфтиство Куманово;
11. Предлог Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Панче Пешев", Урбан блок 42, плански опфат меѓу ул. "Питу Гули", ул."29 ти Ноември", ул. "Димитар Влахов" и ул. "Пере Тошев" –Општина Куманово;
12. Предлог Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош", дел од Урбан блок 64и и 64з, плански опфат меѓу ул. "Гоце Делчев" , бул. "Трета МУБ", ул. "Пролетерски Бригади", крак на ул. ."Х.Т.Карпош", ул."Карл Маркс", ул. "Борко Танев" , ул. "Вардарска" и ул. "Трст" Општина Куманово;
13. Предлог Одлука за утврдување на Нацрт Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Тоде Мендол", дел од Урбан блок 62, плански опфат меѓу ул. "Тоде Мендол", ул."Браќа Филиповиќ", граница на наменска зона и ул. "Вук Караџиќ" – Општина Куманово;
14. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП ЗП зелени површини во Г4 стоваришта за дел од УЕ 2 дел од УБ 86 за дел од КП 9603 Општина Куманово;
15. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 3735, м.в. Велешки Пат, КО Куманово Општина Куманово;
16. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 1011, м.в. Шмрк, КО Куманово Општина Куманово;
17. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 4103, м.в. Зелен Рид, КО Куманово Општина Куманово;
18. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичкопланска документација за КП 413, м.в. Коњарски Пат, КО Режановце Општина Куманово;
19. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2015 година
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk