Четириесет и прва седница на Советот на Општина Куманово

26.05.2020 07:21 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 28 точки, повеќето извештаи за деловно-финсиско работење на јавните претпријатија. Седницата ќе се одржи во големата сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.

      
Четириесет и прва седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

1.    Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2019 година;

2.    Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2019 година;

3.    Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2020 година;

4.    Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019 година;

5.    Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019  година;

6.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;

7.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2019 – 31.12.2019 година;

8.    Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2019 година;

9.    Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

10.    Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2019 година;

11.    Информација за утврдување на претрпена материјална штета на ЈП „Куманово - паркинг“ – Куманово во периодот на ненаплаќање на услуги за паркирање;

12.    Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;

13.    Информација за начин на работење на ЈП „Пазаришта“ – Куманово во време на вонредна состојба со анализа на параметри за утврдување на претрпена материјална штета;

14.    Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2019 година;

15.    Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2019 година;

16.    Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2019 година;

17.    Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

18.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

19.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за измена на Одлуката за определување на пазарни денови;

20.    Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на работно време на зелените пазари во Куманово и на пазарот за продажба на добиток;

21.    Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата, што паѓа на товар на родителите;

22.    Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;

23.    Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2021 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;

24.    Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година со финансов извештај;

25.    Предлог – Одлука за начин на користење на тениски терен „23-ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2020 година;

26.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2020 година;

27.    Буџетски календар;

28.    Информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2019 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk