Четириесетта седница на Совет

16.02.2011 09:40 | KumanovoNews

 Советниците утре ќе ја одржат четириесетата-редовна  седница на Советот. На дневен ред ќе се најдат единаесет точки, меѓу кои и одлуката за формирањето на ново друштво за погребални услуги.

Четириесетта седница на Совет

Дневен ред:

1.    Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за 2010 година,

2.    Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово, во текот на четвртото тромесечие од 2010 година;

3.     Годишен Извештај за 2010 година на Територијална противпожарна единица Куманово;

4.    Програма за работа на Територијална противпожарна единица Куманово за 2011 година;

5.    Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2010 година;

6.    Предлог - Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните  во Општина Куманово за 2011 година;

7.    Предлог – Решение за давање согласност на Актот - Изјавата за основање на Друштво за погребални услуги ЧИСТОТА - ПОГРЕБАЛНО ДООЕЛ Куманово;

8.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цени на саксиско цвеќе, резано цвеќе, пропратен материјал и на сезонско цвеќе од сопствено производство, кои ќе се продаваат во продавници на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ Куманово;

9.    Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2010 година и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2010 година;

10.  Извештај за реализација на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2010 година;

11.  Предлог- Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk