Четворица цариници на Табановце осомничени за злоупотреба на положбата

04.10.2024 16:30 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против четворица царински службеници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Четворица цариници на Табановце осомничени за злоупотреба на положбата

„На 25 јули 2023 на работното место на граничен премин Табановце, за влез во државата, пријавените на едно лице од Струмица му пресметале помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз, со што му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист, а му издале и потврда за плаќање на увозни давачки, која ја завериле со свој печат и потпис, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk