Четворица кумановци ќе седнат во пратеничка фотеља

13.12.2016 09:11 | KumanovoNews

Првичните резултати на ДИК покажаа дека на парламентарните избори во втората изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ освои 9 пратеника, СДСМ-8, ДУИ-2 и Беса-1.

Четворица кумановци ќе седнат во пратеничка фотеља

Од Куманово, во новиот парламентарен состав ќе влезат досегашните пратеници Зоран Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Иван Стоилковиќ од ДПСМ, Оливер Спасовски и Максим Димитриевски од СДСМ и Реџаиљ Исмаили од Липково претставник на ДУИ.  

Од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица на листата се: Никола Тодоров, Трајко Вељаноски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авирови, Зоран Ѓорѓиевски, Јохан Тарчуловски и Весна Дамчевска – Илиевска.

Кандидати за пратеници од коалицијата на СДСМ се: Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Ферид Мухиќ, Маја Морачанин, Максим Димитриевски, Курто Дудуш и Тања Ковачев.

 Од ДУИ Ејуп Аљими и Реџаиљ Исмаили и од БЕСА Африм Гаши.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk