Четворица кумановци на листа на ВМРО-ДПМНЕ во двојка

16.05.2016 09:04 | KumanovoNews

Четворица кумановци се наоѓаат на листата за пратеници во втората изборна единица, на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Четворица кумановци на листа на ВМРО-ДПМНЕ во двојка

Најдобро позициониран е претседателот на ДПСМ Иван Стоилковиќ, кој се наоѓа на четвртото место. На седмата позиција е досегашниот пратеник и член на извршниот одбор др. Зоран Ѓорѓиевски. Дванаесето место му е доделено на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово и советник во  Советот на општина Куманово Драган Патковски и 16-та е Емилија Трајковска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Доколку се одржат избори и добијат доволен број на гласови, на Стоилковиќ ова ќе му биде 6 мандат бидејќи од 2002 година е пратеник, на Ѓорѓиевски втор, додека Петковски на предходните избори се откажа од пратеничкиот мандат.

На прашањето како е задоволен од позициите на кумановци и дали смета дека тие се на добитни места, првиот човек на кумановскиот огранок Драган Петковски кусо одговори:

„Задоволен сум од места, не се битни позициите на поединци важно е да победиме како партија„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk