Четворица мажи и две жени во најтесен избор за претседател на ВМРО - ДПМНЕ Куманово

13.04.2022 16:25 | Сузана Николиќ

Елена Доцевска Божиновска, Соња Цветковска, Срѓан Ивановски, Сашо Стошевски, Бобан Николовски и Ацо Божиновски, влегоа во најтесен избор за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. 

Четворица мажи и две жени во најтесен избор за претседател на ВМРО - ДПМНЕ Куманово

Од 12 пријавени кандидати на јавниот повик, половина го поминале првиот филтер и синоќа биле на интервју кај претседателот Христијан Мицковски. 

Кој ќе ја добие довербата да го води огранокот во наредните 4 години ќе се знае наскоро.

„Постапката е во завршна фаза, кандидатите веќе без на интервју, а сега во тек се сондажите и анкетите од членството за нивниот рејтинг. Последниот збор ќе го има извршниот комитет по предлог на претседателот Христијан Мицковски“, вели актуелниот претседател и пратеник Бране Петрушевски.   

Сите кандидати се познати на политичката сцена, некои како поранешни функционери, а дел се актуелни.

ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво е на власт во коалиција со градоначалникот Максим Димитриевски, додека на централно ниво е опозиција. 

За првпат по 30 години партијата во Куманово доби две директорски места и членови на управните и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk