Четворица новозаболени и 13 оздравени од ковид-19 во Куманово

27.12.2021 15:17 | Жаклина Цветковска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.324 тестирања, при што се регистрирани 119 нови случаи на ковид-19, 3-ца починати и 257 оздравени пациенти.

Четворица новозаболени и 13 оздравени од ковид-19 во Куманово

По градови во: Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Оздравени се: Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – 8, Штип – 6, Ресен – 5, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 4, Кочани, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод, Велес и Кратово – по 2, Струга, Кичево и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.

Дистрибуција по градови:
Скопје – 98.122, активни - 2409
Куманово – 13.107, активни - 105
Тетово – 11. 415, активни - 76.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk