Четворица новозаболени и тројца оздравени од коронавирус во Куманово

30.05.2020 13:25 | KumanovoNews

Три нови случаи на заболени од вирусот КОВИД-19 во последното деноноќие во Куманово.

Четворица новозаболени и тројца оздравени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на КОВИД-19.

- Скопје 22

- Куманово 4

- Штип 1

- Тетово 6

- Струга 1

- Гостивар 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на КОВИД-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти.

- Скопје 8

- Куманово 3

- Прилеп 2

- Тетово 1

- Велес 1

- Битола 2

- Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk