Четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

19.07.2020 16:08 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во земјата. Од нив четири  се во Куманово и Липково.

Четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

 Во другите градови: Скопје 57, Куманово 4, Штип 13, Свети Николе 12, Струга 10, Гостивар 8, Охрид-7, Тетово 6, Кичево 4, Пробиштип 2 и Кратово 2.

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153,  бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

Денеска се направени 904 тестирања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk