Четворица повредени по судир на „Поло“ и „БМВ“ на патот кон Романовце

06.08.2021 09:21 | Сузана Николиќ

Четири лица, меѓу кои и малолетник кој управувал автомобил, вчера попладне се повредени во сообраќајна незгода на локалниот пат Куманово-с.Романовце, кај место викано „Мачја глава“. 

Четворица повредени по судир на „Поло“ и „БМВ“ на патот кон Романовце

Сообраќајката се случила во 16.15 часот помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Куманово и патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од А.Д.(29) од с.Романовце, кумановско. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“ и друг малолетен сопатник во истото возило, додека со телесни повреди се здобиле А.Д. и С.Б.(39) од Куманово, совозач во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Куманово. 

Увид на местото на незгодата извршиле екипа на СВР Куманово и Јавен обвинител. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk