Четворица повредени на патот Куманово - Крива Паланка

21.11.2024 20:14 | KumanovoNews

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот  пат Куманово - Крива  Паланка, во местото викано Ливаде.

Четворица повредени на патот Куманово - Крива Паланка

Сообраќајката се случила утринава во 5.30 часот, помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(26) од Ранковце и патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(39) од Куманово. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Д., додека С.К. и сопатниците Ѓ.К. (57) и Н.Ѓ. (44) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. 

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk