Четворица повредени, тројца малолетници и возач, во сообраќајка во „Ајдучка Чешма“

24.06.2025 11:23 | KumanovoNews

Четири лица се повредени ноќеска по полноќ во сообраќајна несреќа на ул.„523“ во нас. „Ајдучка Чешма“ Куманово. Меѓу повредените се тројца малетници и возачот на автомобилот. 

Четворица повредени,  тројца малолетници и возач, во сообраќајка во „Ајдучка Чешма“

„Околу 00.30 часот било пријавено дека на ул.„523“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (26) од с.Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16- годишен сопатник, сите од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово“, велат од МВР.

Очевидци кажуваат дека движејќи се со голема брзина возилото излетал од патот и удрило во ограда од куќа. Соседите слушнале силен тресок и веднаш излегле да помогнат. Повикале брза помош, кои ги превезле повредените во Кумановската болница. Најтешко повредена билa сопатничката на возачот.

Од силината на ударот автомобилот толку бил уништен што едно од повредените девојчиња го ваделе пожарникарите. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk