Четворица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

09.02.2021 12:41 | KumanovoNews

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка во атарот на село Псача, Општина Ранковце.

Четворица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Несреќата се случила вчера во 15.55 часот, помеѓу товарно моторно возило „ман“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.П.(28) од с. Узем, кривопаланечко и патничко моторно возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(24) од с.Ранковце.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на патничко моторно возило „фолксваген“ Д.А. и неговите сопатници В.М.(50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од с.Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц.(59) од с.Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка.

Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk