Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

31.10.2023 14:13 | Сузана Николиќ

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во атар на с.Сув Орах, општина Старо Нагоричино.

Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

 Сообраќајката се случила во 15.45 часот помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со пробни регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(20) од с.Петровец, скопско и патничко моторно возило „мазда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц. (29) од с. Псача, општина Ранковце. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните двајца сопатници, А.Д. (18) од с.Петровец и С.Ц. (37) од с.Псача, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти Кумановската полиција. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk