Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири лица, од кои еден потешко, се повредени во сообраќајна несреќа во Куманово што се случила вчера ул.“Железничка“.
Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Д.М.(25) од Куманово и патничко возило „фолксваген шаран“, управувано од Н.Д.(35) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил С.С.(66) од с.Ропалце, липковско, сопатник од возилото „фолксваген голф“, а уште еден сопатник од истото возило, А.М.(76) од Куманово, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk