Четврта жртва од несреќата во Романовце, почина 58-годишен маж

24.02.2020 07:35 | KumanovoNews

На Клиниката за неврохирургија во Скопје, синоќа починал и четвртиот тешко повреден во експлозијата во кумановското село Романовце.

Четврта жртва од несреќата во Романовце, почина 58-годишен маж

Станува збор за 58-годишен маж. Уште три лица се во тешка состојба и се наоѓаат на лекување во Скопските клиники.

Несреќата се случи вчера во 10 часот, кога при експлозија на плинска боца загинаа три деца, а седум членови на семејството беа тешко повредени. Меѓу нив и бремена жена.

Децата на вораст од 8 од 9 и 11 години, заедно со своите мајки дошле на гости кај свои роднини во Романовце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk