„Четвртак у 9“ - стендап фестивал во Куманово

03.06.2024 14:32 | KumanovoNews

 Од вторник до четврток ќе се одржи Првиот стендап фестивал „Четвртак у 9“ во Куманово. 

 

„Четвртак у 9“ - стендап фестивал во Куманово

Настанот ќе собере стендап комичари од целата држава кои ќе се претстават со своите најдобри содржини, а ќе се одржи на две локации во Куманово.

„Сите промени, нови почетоци, диети, животни прашања почнуваат од понеделник, но ние почнуваме од вторник на 4-ти јуни во Касапскиот Круг. Иако ова е почеток на ваков фестивал ќе се погрижиме да стане традиција во овој град. „Четвртак у 9“ е терминот во кој колективот „Кабаре Кабает“ ќе ги врати насмевките на кумановци“, велат од Здружението „Арт- Манија“.

Првата вечер ќе се одржи во локалитетот Касапски круг, а ќе ја отворат комаичарите Тино и Атанас, по што следуваат Мирослав Петковиќ и Зоран Донев. Втората и третата вечер ќе се одржат во „Јард“, со Изабела Пан и Надица Петрова, а ќе заврши со настапот на вокално-инструменталниот состав Кабаре Кабает. На затворањето, ќе  настапат Бојан Кирковски и Чедомир Митевски.  За крај е предвидено изненадување на публиката.

Фестивалот е во организација на здружението Арт-Манија и колективот „Кабаре Кабает“. Финансиски е поддржан од Општина Куманово со 130 илјади денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk