Четврти меморијален турнир за Мартин Симоновски-Матрикс

15.10.2015 12:58 | KumanovoNews

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Куманово,  денеска на прес-конференција информираше дека по четврти пат организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано згаснатиот живот на Мартин Симоновски-Матрикс.

Четврти меморијален турнир за Мартин Симоновски-Матрикс

Натпреварите ќе се одржуваат на 17-ти и 18-ти октомври во салата на средното училиште  “Перо Наков“.

На овој турнир предвидено е да учествуваат 16 екипи. Сите заинтересирани екипи своето учество треба да го пријават до петок во партиските простории или на телефонскиот број 077 585 800. Ги повикуваме сите граѓани со спортски дух, да земат учество и заедно да му оддадеме почит на нашиот драг пријател, другар и брат Мартин Симоновски - Матрикс - изјави Владислав Трајковски, претседател на СДММ Куманово.

Ќе учествуваат екипи од Крива Паланка, Кратово, Штип и Куманово. Финалето ќе се игра во недела во 16 часот при што  за најдобрите три екипи и најдобриот играч ќе има пехар, медали и благодарници, а победникот плус добива и фудбал.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk