Четврто прскање против комарци во Куманово

18.08.2025 11:02 | KumanovoNews

На територијата на Општина Куманово утре на полноќ ќе започне прскањето на комарци од земја.

Четврто прскање  против комарци во Куманово

Четвртиот третман на терестичка дезинсекција против возрасна форма на комарци, ќе се реализира на 20 август 2025 година, (вторник/среда), започнува на полноќ во 00:00 часот и ќе се одвива до раните утрински часови, на повеќе локации низ градот..

"Ќе се прска по течението на реката Кумановка од Кумановска Бања, преку с.Проевце, м.в. Бејтови ниви, по должината на кејот на реката, површини на кои се наоѓаат бавчите од спротивната страна на кејот, по должината на бул. Октомвриска револуција, во Градскиот парк и околината, по ул.Никола Тесла, покрај реката во реонот на ООУ “Толи Зордумис”, Диво Насеље, по текот на реката во с.Романовце, Градските гробишта, каде се наоѓаат главните легла на комарци, нас. Зелен рид, по должина на бул. Трета МУБ, ул.11 Октомври, со посебен акцент на зелените површини на ЈЗУ Општа болница и централното градско подрачје, по должина на реката Серава, нас.Перо Чичо и низ други делови на територија на Општина Куманово“, велат од Општина Куманово.

Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе се одложени првиот ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk