Цевка повреди работник во ФЗЦ

16.09.2017 10:34 | KumanovoNews

М.С.(33) од селото Горно Којнаре се здобил со тешки повреди на главата, откако врз него паднала цевка  во Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ во Куманово.

Цевка повреди работник во ФЗЦ

Несреќата се случила вчера во 12.55 часот, кога се откачила цевка од сајла за транспорт и паднала врз работникот. Со сериозни повреди на главата, повредениот бил пренесен во Кумановската болница, но поради сериозноста на повредите, веднаш бил префрлен во Ургентниот Центар во Скопје.  

Случајот во полиција го пријавиле од Итна помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и државен инспектор за заштита при работа од Куманово.

За 6 месеци ова е втора несреќа во фабриката, во март годинав,  цевка повреди 60 годишен работник, кој исто поради сериозноста на повредите беше пренесен на лекување на скопските клиники.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk