Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Театар Куманово во среда премиерно ќе биде изведена претставата „Чичко Кумплунг“ според пиесата „Прирачник за самоуништување” од Сашко Насев во режија на Јани Бојаџи.
„Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм Самоуништување. Црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. Чичко Кумплунг е ексцентричен, темпераментен и саркастичен лик кој преку хумор, пцовки и „народска филозофија“ ги коментира политиката, секојдневието и апсурдите на времето. Токму поради автентичниот говор и комичните сцени, ликот со години стана дел од поп-културата и често се цитира.
Во претставата играат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ.
Сценографијата е на Лазе Трипков, костимографијата на Ирена Боневска Чаловска и композитор Јани Бојаџи.
Претставата ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура во Куманово.
Проектот е дел од програмата поддржана од Министерство за култура за 2026 година.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk