Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за меѓукултурен дијалог во рамки на проектот 'е-регион: можност за развој', распишува конкурс за претприемачки иницијативи 'Мојата бизнис идеја'.
Предлозите се испраќаат само во електронска верзија на мејлот [email protected], а рокот за пријавување на предлозите трае до 1 јуни.
„Овој конкурс е наменет за млади креативци, кои бараат можност да ги презентираат своите претприемачки и бизнис идеи. Предлозите треба да содржат оргинална идеја за претприемничка иницијатива, со особен акцент на е-претприемништво. Иницијативите треба да имаат позитивно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на населението во прекуграничниот регион на Република Македонија и Република Бугарија“ - велат од ЦИД.
Прво пласираната идеја ќе биде наградена со таблет, а второ и трето пласираните ќе добијат стартен фонд од 3000 денари за реализација.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk