ЦИД организира работилници за социјални права

07.10.2015 13:31 | KumanovoNews

Центарот за меѓукултурен дијалог почнувајќи од оваа сабота во 17 часот, па се до 5 декември во Младинскиот центар „Мулти Култи“ ќе организира работилници за социјални права.

ЦИД организира работилници за социјални права

Младите ќе можат да ги надградат знаењата за социјални права, да ги подобрат ораторските и вештините за дебатирање.

Работилниците за социјални права претставуваат одлична можност доколку сè уште го немате направено изборот за вашата иднина, односно уписот на факултет или можеби се двоумите помеѓу Правен, Економски, Филозофски факултет, социјални или политички науки и уште многу други. Исто така и уште поголема можност за сите студенти кои почнуваат да се запознаваат или можеби и се занимаваат со проблематиката на социјалните права и бараат неформален начин на надоградување на своите капацитети“ - стои во соопштението од ЦИД.

Заинтересираните можат да се пријават за учество на мејлот [email protected].

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk