ЦИД организира школа против говор на омраза

13.10.2015 11:08 | KumanovoNews

Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово од 4 до 8 ноември во Берово, ќе организира школа против говор на омраза, наменета за младински работници, активисти и студенти.

ЦИД организира школа против говор на омраза

Кандидати над 18 години до 19 октомври можат во организацијата да се пријават за учество на школата. Преку обуката учесниците ќе развијат способности за справување со говорот на омраза, ќе се подигне свеста за говорот на омраза, дискриминацијата на интернет и слично. Школата се состои од онлајн запознавање, обука и на крај спроведување на активности во средините каде учесниците живеат.  Оваа школа се одржува 4 - та година по ред, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk