Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) со подршка на Националната фондација за демократија одржа тренинг курс во Маврово на кој се промовираше младински граѓански активизам и дијалог во мултиетнички заедници во Северна Македонија.
Со овој проект се опфатени општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. На тренинг курсот учество зедоа 20 ученици од средните училишта во Куманово и Липково како и од основното училиште од Старо Нагоричане.
Преку овој тренинг курс, учесниците ги детектираа главните предизвици во нивните средини и развија најмалку 4 политики за застапување со цел промовирање на младинските права, активности за градење на мир и разрешување на конфликти од перспектива на младите. Активностите ќе се фокусираат на потикнување на меѓукултурен и меѓурелигиски дијалог и ќе им овозможи на младите учесници да бидат промотори на општествени промени во нивните средини, - се вели во соопштението на ЦИД.
Овие активности ќе имплеметираат од втората половина на септември.
ЦИД заедно со младинска организација од Романија -FDPL која е партнер во овој процес, ќе спроведат импакт евалуација за да ги увидат промените како и силните и слабите страни на овие иницијатива. Врз база на овој процес, ЦИД ќе ипечати водич за младинска граѓанска партиципативност, со цел да промовира човекови права и активности за градење мир, за што ќе бидат употребени специфични партиципативни алатки за зајакнување граѓански активизам во мултиетнички и мултикултурни средини.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk