Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од рекламите кои се емитуваат на медиумите штетно влијаат на здравјето на луѓето.
Ова го тврдат од Центарот за меѓукултурен дијалог и сметаат дека рекламите за цигари, алкохол, лекови, брза храна и други производи, граѓаните треба да ги примаат со доза на резерва.
- Често се среќаваме со реклами за алкохол, а знаеме дека тој не е добар за нашето здравје. Самиот маркетинг ни кажува дека со алкохол ние имаме забава и по некоја логика луѓето очекуваат кога има забава да има и алкохол. Таа порака сакаме да ја смениме. Истото се однесува на филмската и музичката индустрија во која имаме идоли, ги гледаме и сакаме да личиме на нив. Од нив добиваме перцепција како треба да изгледа женското тело, дека треба да држиме диети - вели Викторија Маневска, координатор на волонтерите во ЦИД.
Граѓаните одговараа на прашања за тоа колку ги следат медиумите и колку им веруваат на рекламите.
На штандот имаше и кутија за донации и граѓаните можеа да донираат за волонтерскиот клуб на ЦИД.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk