Цигари, тутун и кафе запленети на Табановце

08.06.2015 13:48 | KumanovoNews

Цигари, тутун и кафе запленија царинските службеници минатата недела на граничниот премин Табановце.

Цигари, тутун и кафе запленети на Табановце

Најдени се 92 штеки цигари Монте карло, 57, Пал Мал и Бонд со македонски акцизни маркички, 39 кг сецкан тутун, 17,4 кг кафе Гранд и Франк и 58 чифта влечки, на Железничката станица Табановце, при контрола на повеќе црни кеси, сопственост на тројца српски државјани, патници во воз што сообраќал на релација Скопје – Белград.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk