Чија е „Пелистерка„?

26.09.2011 11:36 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад во Куманово, веќе 20 дена стои шанк-приколка. Граѓаните не можат непречено да се движат по плочникот, а приколката смета и при одржување на хигиената.

Чија е „Пелистерка„?

Вработените во околните дуќани кажуваат дека подвижната тезга била во функција на Рома труба фест, кога на неа се продавал пијалок  и оттогаш никој не ја трга. И покрај тоа што е узурпиран најзначајниот јавен простор во градот, таа е невидлива за надлежните институции. Граѓаните револтирани баарат сопственикот да се казни и веднаш да ја отстрани  „Пелистерка„ која како чир стои на сред плоштадот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk