Циклус на шпански филм во Куманово

04.11.2015 14:59 | KumanovoNews

Во Младинскиот културен центар “Козјак“ вечерва ќе започне циклусот на шпански филм, кој го организира шпанската амбасада во соработка со општина Куманово.

Циклус на шпански филм во Куманово

Вечерва во 19 часот ќе игра филмот „По еден пиштол во секоја рака„ во режија на Сеск Гај, а утре во истиот термин ќе биде прикажан филмот “Метод“ во режија на Марсело Пињеиро. Задутре на репертоарот е филмот “Кучето на градинарот„, филм режиран од Пилар Миро. Се работи за современи шпански филмови, а целта е шпанскиот филм да се популаризира пред публиката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk