Цистерна сред паркот пред Фондот за здравство

21.11.2013 15:02 | KumanovoNews

 За надлежните институции во градот цистерната како да е невидлива, па никој не интервенира да се отстрани

Цистерна сред паркот пред Фондот за здравство

Огромна метална цистерна за гориво од лани стои во паркот пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Куманово. За надлежните како да е невидлива, па никој не интервенира ниту бара да се отстрани. Затоа граѓаните кои секојдневно поминуваат тука се прашуваат на кого е цистерната и уште толку време стои тука? Дали е извадена или чека да се вкопа во земја.

Покрај тоа што создава грда сликата во центарот на градот, таа може да биде и опасна ако во неа има остатоци од течно гориво кое може да се запали.- смета еден граѓанин.

 Од вработените во институциите пред кои се наоѓа цистерната дознаваме дека цистерната е донесена од Скопје за да се инсталира парно греење во зградата. Во меѓувреме било пресметано дека е поефтино парното да се приклучи на плин, отколку да се вкопува цистерната. Нашиот соговорник вели дека насоро ќе се знае дали цистерната да се врати од кај што е донесена или ќе се искористи за првобитната намена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk