„Чистота„ го спрема „Пелинце„

25.06.2014 07:42 | KumanovoNews

По подолга пауза наскоро ќе започне со работа ресторанот во селото Пелинце, со кој стопанисува ЈП “Чистота и зеленило“.

„Чистота„ го спрема „Пелинце„

Во текот на идната недела претпријатијето со одлука на управен одбор ќе донесе финансиски и план за јавни набавки.

  - Потоа ќе распишеме неколку постапки за набавка на храна, пијалоци и сите останати потребни репроматеријали. По завршување на тие постапки во наредниот период можат рестораните Кеј и Пелинце да работат. Прво треба да ги исполниме нашите задачи согласно законот и целите за управување кои се дадени од Советот и градоначалникот на општина Куманово - вели Сашо Петрушевски, директор на “Чистота и зеленило“.

Ресторанот во Пелинце беше даден на стопанисување на „Чистота„ на почетокот на годината, но поради пролетните избори претпријатието немаше право да спроведе јавни набавки и да отпочнување со работа. Деновиве интензивно се работи на подготовките за ставање во функција на ресторанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk