„Чистота и зеленило“ ги кастри дрвјата низ градот

02.11.2015 10:06 | KumanovoNews

Вработени од јавното претпријатије „Чистота и зеленило“ деновиве ги кастрат старите разгранети дрвја низ градот.

„Чистота и зеленило“ ги кастри дрвјата низ градот

Искастрени се дрвјата на улиците „11 Октомври“ и дел од „Народна револуција“ на барање на граѓаните.

Се кастрат дрвјата кои пречат на граѓаните, на нашите камиони или на други камиони за поминување, на жици и кабли. На барање на граѓаните се искастрени гранки на двете улици „11 Октомври“ и дел од „Народна револуција“. Вообичаено на есен правиме ваква акција за кастрење на дрвјата во  градот - вели Благица Јовановска од “Чистота и зеленило“.

Јовановска додава дека во наредниот период ќе засадат нови дрвца на потегот од населба Карпош до Спомен костурница, кај Спортската сала и во Стариот градски парк.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk