„Чистота и зеленило“ воведе електронско плаќање на сметките

11.05.2020 13:38 | KumanovoNews

Од денеска граѓаните на Општина Куманово своите сметки кон ЈП „Чистота и зеленило“ ќе можат да ги плаќаат и по електронски пат.

„Чистота и зеленило“ воведе електронско плаќање на сметките

„Упатуваме апел до граѓаните редовно да си ги подмируваат своите сметки со што би се одвивала нормално работата во рамките на јавното претпријатие кое имаше огромен ангажман во справување со кризата“, напиша Стојчевски на својот фејсбук профил.

Тој додава дека оваа алатка е активирана на барање на граѓаните, а дека детално упатство за плаќање на сметките граѓаните можат да го најдат на интернет страната https://enaplata.jpcistotaizelenilo.mk/e-faktura.aspx.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk