Читање на поезијата на Борче Грозданов - Пандур

16.05.2012 07:21 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 19 часот и 30 минути  ќе има поетско читање.

Читање на поезијата на Борче Грозданов - Пандур

Актерите Кети Дончевска Илиќ и Драгиша Димитријевски - Шипе ќе читаат поезија од Борче Грозданов - Пандур од три негови збирки и тоа “Пориви“, “Грст стихови“ и “Четириесет воздивнувања“. Поетското читање ќе биде во малата сала.

Критичарите за Грозданов велат дека негува концизен и семантички набиен стил на пишување. Преку кратки форми тој како поет поентира. Неговата збирка “Четириесет воздивнувања“ е посветена на неговите 40 години живот. Тој пишувал и за меѓучовечката отуѓеност. Врз база на неговите стихови се работени драмски монолози.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk