Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цивил-Центарот за слобода синоќа одржа трибина во Куманово со претставници на политички партии и невладини организации, на која се говореше за слободни и фер избори.
Оваа активност е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“. Целта на оваа трибина е да се зајакне свеста за слободни избори кај граѓаните кои не се секојдневно активни во политичкиот живот. Да сфатат дека самите со својот избор ја креираат својата иднина.
Премногу долго во Македонија сите избори се доведуваат во прашање, нивната легитимност и токму затоа овој проект има за цел, преку посети на 9 досега градови низ Македонија, да разговара со оние кои го кројат политичкиот живот на локално ниво или претставниците од тие градови на централно ниво. Да разговара со претставниците на граѓанскиот сектор, од оние организации кои сакаат да живееме во подобро општество и секако да разговара со медиумите, локалните и дописниците, за сето она што е проблем за Македонија да биде пристојно место за живеење - изјави Синиша Станковиќ, уредник на Цивил медиа.
Станковиќ вели дека граѓаните со пенкалото зад параванот на денот на изборите имаат моќ да изберат и тоа треба да го направат без страв.
На досегашните трибини низ државата, учесниците се пожалиле за проблемот со непрочистениот избирачки список, злоупотребата на државните ресурси во кампањата и слично.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk