Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалната синдикална канцеларија Куманово утре ќе учествува на традиционалниот Првомајски протестен марш во Скопје, кој оваа година ќе се одржи под мотото „Ние работниците за социјална правда“., по повод Денот на трудот.
Поаѓањето од Куманово е закажано во 9.30 часот, а протестниот марш е закажан за 11 часот.
„Пријавени се 120 граѓани, за кои организиравме превоз со два автобуси за учество на маршот. Имаме потврда дека дел од учесниците ќе патуваат со приватни возила до Скопје. Најавено е присуство на членови на УПОС, на жители од Старо Нагоричане, како и работници од фабриката ФЗЦ“, истакна Миле Спасовски, координатор на Регионалната канцеларија Куманово на Сојуз на синдикати на Македонија.
Маршрутата предвидува тргување од Работничкиот дом , односно зградата на ССМ, до Собраниетo, до Стопанската комора и завршува пред Владата. Според најавите маршот би требало да заврши за час и половина.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk