Членови на СДСМ отидоа во АПМ

11.11.2013 09:00 | KumanovoNews

Цоки Ристовски, Бобан Милошевски и Елена Цветковска, влегоа во главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија.

Членови на СДСМ отидоа во АПМ

На вчерашното основачко собрание во Скопје, присуствувале 50 делегати од Куманово.

Куманово дава голема подршка на новото движење, поради познатите прилики во Општината. Поголемиот дел од нашите членови се поранешни членови на СДСМ, но има и млади луѓе кои за првпат влегуваат во политиката. Набрзо ќе се отвори канцеларија на Движењето за позитивна Македонија, каде граѓаните ќе можат директно да се запознаат со нашата програма. Очекуваме во наредниот период да ни се приклучат што повеќе луѓе и да ни дадат шанса да ги смениме работите на подобро, како во државата така и на локално ниво- изјави Сашо Милковски, делегат на АПМ.

Во главниот одбор на движењето влегле Сандра Томовска и Ангелчо Андоновски, кумановци кои живејат во Скопје.

За претседател на АПМ е избран новинарот Љупчо Зиков, а претседатела на советот бизнисменот Минчо Јорданов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk