Човек се запалил од греалка

13.11.2015 13:32 | KumanovoNews

Повозрасен граѓанин денеска околу пладне се запалил, најверојатно од греалка, во својот дом на улицата „Кирил и Методи“ во Куманово.

Човек се запалил од греалка

Несреќата се случила во 12.25 часот, кога било пријавено дека човек е во пламен. Екипа на противпожарната единица излегла на лице место, го извлекла човекот од домот и го изгаснала пожарот. Повредениот со Брза помош е пренесен во Општа болница Куманово, а поради сериозноста на повредите префрлен е на клиниките во Скопје.

Увид на лице место извршија екипи на СВР Куманово и на ЕВН. Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk