„Човек, ѕвер и доблест“ вечерва на Денови на комедија

05.10.2020 13:17 | KumanovoNews

Претставата „Човек, ѕвер и доблест“ на Театар комедија од Скопје, вечерва гостува на Фестивалот Денови на комедија во Куманово.

„Човек, ѕвер и доблест“ вечерва на Денови на комедија

Текстот е на Луиџи Пирандело, во режија на Егон Савин. Играат Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски/Тони Денковски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Кристина Ласовска, Тони Денковски, Магдалена Ризова и Ева Скендеровска.

 Пирандело во сите свои дела се занимавал со кризата на моралот. Лагата и лицемерството невозможно е да се измери, не постои човек што не посегнал по лагата за да ги прикрие своите пороци и слабости. Во современиот театар има изобилство претстави кои зборуваат за човекот кој се конфронтира со власта, полицијата, војската, бирократијата...

Но, што се случува со човекот кој е загрозен од своите сакни, оние кои му се најблиски?

Претставата е во 20 часот во Центарот за култура во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk