Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Кумановско - осоговската епархија апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за поголема безбедност во сообраќајот.
Тие акцент ставаат на младите луѓе кои исто така се должни да ги почитуваат законите.
“Ако според правила и прописи поминувам на крстосница, несвесно на оној кој се разминува со мене му го вардам животот. А тој некој ќе седне денеска на слава со своите блиски пријатели, тој е дел од некое семејство. Затоа да не дозволиме заради нас и нашата негрижа некој да фали во нечија радост. Кога луѓето ќе седнат да се развеселат, тие да не си спомнуваат за тажни и жални моменти дека некој меѓу нив не е тука. Апелирам до сите граѓани, кога ќе седнете на слава дома, потсетете се на послушноста на Св.Архангел Михаил, на Христа и како ние треба да бидеме послушни кон законите кои слобода ни даваат“- изјави Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.
Верските заедници во земјава од неодамна се вклучија во кампањата на Владата за поголема безбедност во сообраќајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk