Црногорскиот амбасадор го посети Куманово

20.09.2013 14:25 | KumanovoNews

 Амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Душан Мрдовиќ, денеска престојуваше во прва официјална посета на Општина Куманово, при што се сретана со градоначалникот Зоран Дамјановски и разговараа за економската и културна соработка.

Црногорскиот амбасадор го посети Куманово

На средбата беше договорено да се обнови соработката со збратимениот град Никшиќ.

Се надевам дека за Денот на градот - 11 ноември ќе имаме посета од градоначалникот на Никшиќ, господинот Грбовиќ и ќе потпишеме меморандум, а потоа и збратимување, а со тоа да ја завршиме оваа дипломатска акција на нашиот почитуван амбасадор, а и желбата на Куманово да ја продолжи традицијата на добрите соработки со нашите бивши пријателски градови - изјави Дамјановски.

Амбасадорот Мрдовиќ првпат доаѓа во Куманово, но ос својот домаќин добил информации за економската слика, предностите и можностите на градот.

Мислам дека има можности да се оствари соработка со некоја од црногорските општини на локално - економско ниво. Никогаш нема да го прифатиме фактот дека не може, дека постојат пречки кои нас не спречуваат да соработуваме за мали и средни бизниси и да оствариме некој резултат. Што се однесува за глобалната економска политика помеѓу две држави како две пријателски земји, тоа одамна го дефиниравме дека Македонија и Црна Гора една на друга се и партнери и пријатели. Сакаме така да остане и во иднина - вели амбасадорот.

Тој објаснува дека должност на амбасадата е да воспоставува контакти и да ги обновува врските со збратимените градови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk